ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавена снимка од убиството на 25-годишниот Србин во Америка

Од:

25-годишниот Милан Лончар беше брутално убиен завчера, на неколку стотици метри од неговиот дом во градот Бруери, близу Филаделфија, додека го шетал своето куче.

Тој бил пресретнат на сред улица од двајца мажи кои се обиделе да го ограбат, а потоа пукале во него и го убиле.

На видеото снимено од надзорните камери може да се види дека двајца мажи му се приближуваат на Лончар, едниот му се приближува од позади, додека другиот му се приближува со пиштолот во рака.

Отпрвин се чини дека мажите само му се закануваат на Лончар со пиштол за да им ги даде парите што ги има. Сепак, неколку секунди подоцна, еден од разбојниците пука во градите на младиот човек.

Тој започнува неконтролирано да се движи, го вади телефонот од џеб, веројатно барајќи помош. Во еден момент, младиот маж паѓа на земја и лежи неподвижно, додека неговото куче продолжило да стои покрај него.

Полицијата го пронашла Лончар малку подоцна, во локва крв и во полусвесна состојба. Иако бил ранет, како што велат истражителите, тој сепак го стегал поводникот на неговото куче.

Лончар веднаш бил пренесен во Универзитетската болница Темпл, каде и покрај сите напори на лекарите, починал.

Милан Лончар е по потекло од Србија, но пораснал и се школувал во Филаделфија. Лончар дипломирал на Универзитетот Темпл во декември 2019 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов