Обединетата опозиција на Србија апелира до ЕК да ја вклучи Србија во набавката на вакцини

Од:

Обединетата опозиција на Србија апелираше до Европската комисија да ги вклучи Србија и другите земји од Западен Балкан во заедничката набавка на вакцини против вирусот „Ковид-19“, наведувајќи дека ЕУ со тоа „ќе докаже дека здравјето на сите во Европа е подеднакво важно“.

Обединетата опозиција во соопштението до медиумите потсети дека на Западен Балкан живеат речиси 20 милиони луѓе, кои, заслужуваат помош на ист начин како и другите граѓани на Европа.

-На овој начин, ЕУ би покажала дека европската солидарност не е резервирана само за оние кои живеат во земјите на ЕУ, туку е вредност која не знае за граници, се вели во соопштението.

Во него се оценува дека ова е од особено значење за Србија затоа што претседателот Александар Вучиќ „изјави дека се водат преговори за набавка на пет милиони вакцини кои, наводно, биле тестирани на одредено население“.

-Во медиумите се шпекулира дека станува збор за вакцини произведени во Кина. Не можеме да зборуваме за квалитетот на таа вакцина, но веруваме дека граѓаните на Србија, како и на целиот Западен Балкан, треба да бидат заштитени со исти вакцини како и сите други европски граѓани, се наведува во соопштението.

Апелот до ЕК е испратен од Партијата за слобода и правда (ССП), Демократската партија (ДС), Народната партија (НС), Движењето за промени, Граѓанската платформа, Движењето „Слободна Србија“, Државотворното движењето на Србија и Обединетиот синдикат на Србија Слога.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов