Нуркачи открија стотици гранати од Втората светска војна во река кај Подгорица

Од:

Црногорската полиција соопшти дека нуркачи откриле стотици гранати од Втората светска војна во река во близина на Подгорица.

Началникот на полицијата Данило Мијаловиќ изјави дека граѓанин вчера забележал една од гранатите во реката Зета, северозападно од Подгорица.

Тој денеска истакна дека по двочасовен преглед од страна на полицијата биле откриени над 400 гранати со различна големина, а повеќето од нив биле неактивирани.

Подрачјето околу реката Зета е популарно место за одмор во текот на летните периоди.

Во текот на Втората светска војна Црна Гора била под окупација на Италија и Германија.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора