Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки

Од:

Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваат, објави весникот Новости.

Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен.

– Во таа ситуација, на Белград му останало само да го тужи Косово, како и појавувањето на „Косово” како правен субјект во меѓународното право и по иницијатива на нашата страна, несомнено може да се толкува како признание за „државноста”, поради што е одбиена опцијата за арбитража, наведува весникот.

Косово стана полноправен член на ЦЕФТА во јули 2007 година, а договорот за членство беше потпишан од УНМИК во име на приштинските институции.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати