Новороденче со Ковид-19 приклучено на апарати во Грција, пак се полнат атинските болници

Од:

Новороденче старо 24 дена, заразено со коронавирусот, од минатиот петок е хоспитализирано и приклучено на апарати во атинска болница, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата.

-Мала невина душа се бори за живот, а лекарите прават се што можат и се надеваме дека се ќе биде во ред, рече Кикиљас.

Во Грција повторно е регистриран голем број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.913 од кои 869 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што е и најголем притисокот врз здравствениот систем.

Кикиљас рече дека е исполнет 90 отсто од капацитетот во болниците во Атика, односно од 262 ковид кревети на Одделите за интензивна нега слободни се 27.

Во изминатите 24 часа од Ковид-19 во Грција починаа 28 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата се зголеми на 6.371.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција