Новинарка обвини познат лекар дека ја малтретирал на породувањето: „Вие се продавате за 50 евра“

Од:

Српската новинарка и инфлуенсерка Мина Смиљаниќ објави непријатна приказна од породувањето пред три месеци, кога на свет ја донела нејзината ќерка. Таа го обвинува познатиот анестезиолог д-р Томислав Крајиновиќ за „акушерско насилство“ – вели дека тој ја малтретирал за време на чинот на породување, ја удирал и ја навредувал, кажувајќи и: „Вие новинарките се продавате за 50 евра“.

Смиљаниќ вели дека долго размислувала дали да ја сподели приказната со јавноста, но и оти ги охрабрува сите жени кои поминале низ слични искуства да проговорат за тоа кога ќе бидат подготвени, затоа што ваквите работи не смеат да се случуваат.

„Поминаа три месеци, детето значајно ми порасна, мене физичките болки ми се санираа, но и понатаму го чувствувам срамот и немоќта кога ќе се сетам на одредени сцени од своето седумчасовно породување,“ напиша таа.

„Првата работа која ми ја кажа, на моето „добар ден“, беше: Вие новинарките се продавате за 50 евра. Оваа моја струка не работи на вашата и на уште две – адвокатите и… затоа што се џган,“ не можам да се сетам која друга професија ја спомна. Бев видно во шок. На моите обиди неговите изјави да ги сфатам како шега, тој додаваше дека имам дебел задник, дека сум неспособна затоа што не можам да го мрднам сопствениот газ. Во моментот кога една девојка покрај мене се породи, а јас и натаму чекав породувањето да почне, тој ми дофрли: „Ти уште ништо? Па, ти кажав ли дека си неспособна.“ Да кажам и дека прилично силно ме удри во грбот и десното рамо, за да ми објасни како да се наместам за инјекцијата во средината на ‘рбетот. Тоа се фрагменти на кои се сеќавам, затоа што бев во тотален страв, преплашена за животот на моето дете, збунета и одземена, првпат затечена во таква ситуација“, пишува Мина Смиљаниќ.

„За целото време на породувањето си мислев: Не дозволувај да ти го расипе овој ден! Биди смирена! Остави го тој исфрустрираниот човек… овој ден е најважниот во твојот живот! – и така замислена повеќе не го ни слушав додека ми го вбризгуваше епидуралот, се додека во еден момент тој викна за да ми го привлече вниманието. Тогаш му реков дека „одлутав“ поради тоа што не беше баш љубезен. Се навреди силно. Подоцна му кажав дека немав намера да го навредам, а тој со сета сила, онака сочно ми рече: Ѓубре едно!. Така што, изгледа не сум си замислувала,“ додава таа.

Новинарката вели дека првите недели по породувањето се чувствувала валкано и ѝ било срам што молчела и дозволила докторот да ја навредува.

„Држев монолози во ВЦ, кроев реченици кои би му ги кажала. А не му ги кажав. Зашто, тој е најголемиот стручњак. Анестезиолозите се како бели мечки, биди среќна што си го добила… и така натаму. Што би се рекло – му се може,“ пишува Смиљаниќ, завршувајќи ја објавата со зборовите: Брате, не смее да им се може!

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило