Полицијата во Нови Сад, вчеравечер го пронајде безживотното тело на 25-годишната В.Ч. Локалните медиуми јавија дека девојката е претепана до смрт.
„Телото на девојката е пронајдено во станот каде што живеела. На телото се видливи бројни повреди, а доказите укажуваат дека убиството се случило вчера попладне“, рече истражниот судија Мирослав Алимпиќ.
Тој додаде дека точната причина за смртта се уште не е позната и дека телото е веќе однесено на обдукција.
Според српски Блиц, станува збор за манекенката Владислава Червенко, а се сомнева дека ја убил 25-годишниот Дарјан М. за кого полицијата трага.