Нови протести во Србија, демонстрантите побараа оставки од надлежните во јавниот сервис

Од:

Вечерва се одржаа нови шести по ред протести на „Еден од пет милиони“ во Србија, каде демонстрантите побараа да се истражи смртта на убиениот лидер на СДП, Оливер Ивановиќ, по што продолжија пред зградата на Радио Телевизија Србија и побараа оставки од надлежните во јавниот сервис.

Демонстрантите ги повикаа граѓаните да дојдат на мирен собир на 16 јануари на платото пред Филозофскиот факултет, за да одадат почит на убиениот Ивановиќ по повод годишнината од смртта, за кој порачаа дека бил еден од нив и случајот со неговото убиство на Косово мора да биде решен.

Тие носеа транспаренти со натписи „Нѐ има пет милиони“, „Ние сме со народот, не со сегашните или поранешните крадци“ и „Разбуди се Србијо“, пренесе новинската агенција „Бета“.

Учесниците на „Еден од пет милиони“ на денешните протести застанаа пред зградата на Радио Телевизија Србија, каде од директорот на јавниот сервис, Драган Бујошевиќ и главниот уредник на информативната програма, Ненад Стефановиќ,побараа да поднесат оставка, бидејќи ја срамотеле новинарската професија.

Пуштена беше најавна шпица од дневникот. На платото пред зградата на РТС запалени беа бакли, а изваден беше и транспарент со натпис „Започна“, пренесе новинската агенција.

Организаторите на протестите му порачаа на Бујошевиќ дека е одговорен за граѓаните и јавниот интерес, а не за политичарите на власт, додека на Стефановиќ му испратија порака да престане да ги третира лагите на претседателот, Александар Вучиќ како факти.

„Ќе останете запишани во историјата како одговорни за пропастот на новинарската професија“, рекоа организаторите.

По паузата, продолжи маршот по улицата Кнез Милош, каде собраните застанаа пред седиштето на телевизијата „Студио Б“, скандирајќи „Барбара јави се“. Од разглас ја пуштаа музичката обработка на прилогот на новинарката, Барбара Животиќ насловена „Линч, силовање, насиље“, инспирирана од прилогот што јавноста го оцени како пристрасен и во полза на власта.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов