Нови ограничувања во превозот на патници во возилата и автобусите во Грција

Од:

Во такси возилата и автомобилите освен возачот, дозволено е да се превезува само уште едно лице, додека пак автобусите не смеат да пренесуваат патници повеќе од 50 отсто од предвидениот број на седишта, се дел од новите дополнителни мерки во Грција за справување со коронавирусот и се однесуваат на превоз на патници, согласно циркуларот потпишан од заменик-министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Јанис Кефалојанис, јави дописничката на МИА од Атина.

За возила до пет седишта, за јавна (такси) или приватна употреба (патнички автомобили), дозволен е превоз на само еден патник, освен возачот, со исклучок на случаи кога се работи за превоз од медицински причини и тогаш е дозволено е и втор патник.

За патнички автомобили од шест или седум места, освен возачот, дозволени се двајца патници, а за возила од осум или девет места, јавни или приватни, дозволени се три патници, освен возачот.

Во однос на автобусите и тролејбусите од јавниот превоз, меѓуградските автобуси, како и приватните автобуси, дозволен е превоз на патници до исполнување на 50 отсто од предвидените места на возилото.

Конкретните мерки ќе важат до 31 мај 2020 година, а доколку биде потребно, ќе се продолжат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски