Нови мерки во Ниш – во дискотеките дозволено само седење, носењето маски задолжително

Од:

Штабот за вонредни ситуации во Ниш донесе мерки против епидемијата од Ковид-19 и воведе задолжително носење маски.

Ограничено е собирањето до 100 лица во затворен и до 500 луѓе на отворен простор, ќе се отворат две нови ковид-амбуланти, ќе се забрани работата на затворените базени, спа и велнес центрите.

Во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето на заштитна маска, исто како и во такси возилата и на пазарите.

Новите мерки ќе се применуваат од 4 до 19 јули, а нивното спроведување ќе го контролира комуналната полиција и инспекција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов