Нови детали за убиството на трите деца: Таткото најверојатно прво им дал коктел од таблети, потоа ги давел

Од:

56-годишниот Австриец, Харалд Копиц во Загреб си ги уби трите деца, а потоа се обиде да се самоубие. Според информации на хрватските медиуми, истражителите сметаат дека децата биле отруени.

Сепак кај нив имало траги од давење, па истражителите сметаат дека таткото прво ги отрул, а потоа ги давел. Конкретната причина за смртта ќе ја даде обдукцијата на телата.

Прошталното писмо што таткото го поставил на Фејсбук алармирало негов пријател кој повикал полиција.

Таткото кој го преживеа обидот за самоубиство, се наоѓа во болница каде го чува полиција. Му се заканува затворска казна од 50 години пишуваат хрватските медиуми.

Австриските медиуми пишуваат дека водел двоен живот, ја посетувал „црвената четврт“ и конзумирал дроги. Често зборувал дека е во депресија и изразил сомнеж дека децаат воопшто не се негови.

Мајката вчера му ги оставила децата како што било вообичаено во викендите и заминала на службено патување во Дубровник.

Ова е едно од најгрозоморните повеќекратни убиства во Хрватска. Зa случајот пишуваат и регионалните и светските медиуми.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он