Нови бомби на „Билд“ во кои се слуша и гласот на премиерот Рама

Од:

Германскиот весник „Билд“ попладнево објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама, поранешниот министер за економија Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи Арбен Кеши и други функцонери од социјалистичка партија.

Во сите нив се слуша како се договараат закани,купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја, кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.

-Прислушуваните разговори се од досијето 184 кое три години останало во фиоките на албанското обвинителството со кои се открива шокантна евиденција, пишува новинарот Питер Тиде.

Иако според законот во Албанија на функцонер од јавната адмнстрацја м е забраето учество зборна кампања или избор за некоја полтичка партија во една, од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.

И во останите снимки функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовте. Експресно по објавувањето на снмките Обвинителството за тешки кривчни дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досијето.

-Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство а е направено со флагрантно кршење на законот, соопшти обвинителството.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски