Нови 13 починати, 225 заболени и 201 излекуван од Ковид-19 во Косово

Од:

Во Косово во изминатите 24 часа, според официјалниот извештај на Институтот за јавно здравство (ИШКПК), починале 13 лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви на пандемијата се искачи на 269.

Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.

Во соопштението на ИШКПК се наведува и дека, од вчера извршените 477 тестирања (вкупно 38.342 од појавата на заразата), позитивни на коронавирусот се 225 лица.

Вкупно, од почетокот на епидемијата, во земјата се регистрирани 9.274 заразени. Како излекувани се водат 5.190 лица, од кои вчера 201.

Официјалната бројка на активни носители на новиот вирус во Косово изнесува 3.815.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски