Нова демократија со 72 отсто нови кандидати ќе учествува на предвремените парламентарни избори во Грција

Од:

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија со 419 кандидати, од кои шест од 10 се нови лица кои претходно никогаш не биле вклучени во политиката, ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори на 7 јули, соопштуваат од партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен сегашните 78 пратеници кои ќе се борат одново да бидат избрани, од останатите 341 кандидат, 243, односно 72 отсто во минатото никогаш не биле на кандидатска листа за место во Парламентот.

Просечната возраст на кандидатите е 49 години, 139 се под 45, 67 ѝ припаѓаат на генерацијата 30-годишни, а 12 се родени во 90-те. Од Нова демократија соопштуваат дека партијата ја надмина задолжителната граница за родова застапеност, со 43 отсто жени – кандидатки.

Лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис кој има право да биде кандидат во три периферии ги одбра регионите во кои Нова демократија не беше прва на европските избори минатиот месец.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди