Нова демократија: Ципрас во Парламентот ќе одговори зошто даде македонска националност и јазик

Од:

Алексис Ципрас ќе одговори во Парламентот зошто има намера да го ратификува штетниот Договор од Преспа и главно, зошто на Скопјаните им отстапи наводна македонска националност и јазик, нешто што ниту една претходна влада не го имаше помислено, велат од грчката опозициска Нова демократија во одговор на соопштението на грчкиот премиер, ја отфрлаат поканата за ТВ дуел меѓу Ципрас и Киријакос Мицотакис и одново бараат избори „за народот да одлучи за Договорот од Преспа“.

-Ако господинот Ципрас се брза за дебата, имаме предлог за него: нека распише сега, веднаш избори и на предизборните дебати, граѓаните ќе донесат свои заклучоци. Тогаш, Парламентот што ќе произлезе од изборите со одлука на граѓаните, да одлучи за ратификација или отфрлање на Договорот од Преспа, соопштуваат од Нова демократија.

На крајот од соопштението велат дека веројатно е грчкиот премиер да го отфрли овој нивен предлог, па затоа имаат и втор: ТВ дуелот што го предлага Ципрас, да го одржи со Панос Каменос „за отворено да разговараат за нивната врска”.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди