Нов земјотрес во Хрватска од 3.9 степени, тлото се тресеше десетина секунди

Од:

Околу 18,30 часот во Хрватска имаше нов земјотрес, со јачина од 3,9 степени, а епицентар на 4 километри југозападно од Сисак.

Според податоците од локалните жители, потресот бил прилично јак и траел десетина секунди.

Жителите јавуваат дека земјотресот бил најсилно почувствуван на подрачјата на Сисак и Петриње, а нешто послабо во Загреб.

Хрватските медиуми јавуваат дека ова е 57. потрес во Хрватска во последните 73 часа.

Тлото на подрачјето на Бановина и понатаму се затресува по стравотниот земјотрес од 6.2 степени што се случи на 29 декември и го погоди Петриња и околните подрачја.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак