Нов случај во Србија – лажна козметичарка оставила жени со страотни бразди и лузни на лицата

Од:

По неверојатниот случај на 23-годишен масер, кој се претставувал како естетски хирург и заработил богатство од осакатените пациентки во „дива“ ординација во центарот на Белград, во Србија е откриена уште една слична измама, во која исто така има десетиви жртви, главно жени.

Олгица Маркановиќ, сопственичка на козметички салон која се претставувала како козметолог-едукатор, унаказила десетици жени од цела Србија, е уапсена вчера кога се обидела да ја премине границата меѓу Србија и Хрватска.

Бројни клиентки на Маркановиќ доаѓале во нејзиниот салон за третман со ткн. „плазма пена“, уверени дека таа процедура ќе им помогне околу проблемите со кожата. Но, по третманите, на клиентките им останувале лузни слични на изгореници, а „козметичарката“ ги убедувала дека ќе им исчезнат. За овие „услуги“ тие плаќале од 900 до 2.000 евра.

„Отидов во нејзиниот салон на корекција на носот и наместо радост и задоволство, јас буквално преживеав пекол. И сѐ уште го живеам“, изјави за „Блиц“ една од жртвите на „дивиот“ третман.

Проблемите почнале по ласерската интервенција за намалување на носот во хорор-салонот, за кој девојката добила препорака од другарка. Таа вели дека дополнително се информирала на Инстаграм-профилот на салонот, каде, како што вели, сѐ што видела и прочитала, ѝ влевало доверба. Тогаш ја закажала и првата консултација.

„По третманот имав ужасни болки, што ми беше многу чудно. Кога се пожалив, добив одговор дека сето тоа е нормално, да го мачкам носот со крема против лузни и дека сѐ ќе биде во ред,“ вели девојката. Таа платила 950 евра и отишла дома.

„Ми рече само да ја оставам крастата да помине, никако да не ја допирам и да пуштам самата да падне. Јас така направив и се надевав дека сѐ ќе биде како што треба. Но, кога крастата самата падна, сфатив дека не кожата на носот од левата страна имам дупки, а од десната ужасни нерамнини, што никако не смееше да се случи. На местото ми остана калоидна лузна, која на лицето останува трајно“, раскажува жртвата на неправилно изведените третмани во салонот.

Лажната козметичарка е во притвор, а обвинителството засега ја гони за нанесување телесни повреди и трајно нарушување на здравјето на 11 жени. Таа исто така ќе одговара и за тоа што го отворила салонот без да има соодветна дозвола.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Директорот на „Стрежево“ купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Кривична за двајца измамници кои од брачен пар од Струмица зеле 3.000 евра

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари