Нов силен земјотрес на Крит

Од:

По немирната ноќ и неколку силни потреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на Институтот за Геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот регистриран утрово во 7:48 часот бил со прелиминарна магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил на 23 километри југозападно од градот Ираклион, пренесува Екатимерини.

Стотици луѓе во регионот ја поминаа ноќта во шатори и паркови или спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.

Во селото Аркалокори едно лице го загуби животот, најмалку 20 лица беа повредени, а десетици куќи и други згради беа оштетени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски