Нов силен потрес вечерва во Грција, се почувствува и кај нас

Од:

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди вечерва Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија.

Според податоците на веб-страницата emsc-csem.org, потресот се случил во 18 и 38 часот по локално време, односно 19 и 38 часот по македонско време.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со локална магнитуда од 5,9 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци, земјотресот е почуствуван на целата територија на земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Потресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 26 километри од градот Лариса, во регионот кој е погоден од серија земјотреси во изминативе денови.

Најсилниот потрес, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди регионот вчера претпладне, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.

Неколку помали земјотреси биле почувствувани синоќа, а најсилниот бил со јачина од 5,2 степени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ