Нов рекорд во Хрватска: Скоро три илјади заразени од Ковид-19 во последното деноноќие

Од:

Во последното деноноќие, во Хрватска се регистрирани 2.776 новозаразени со коронавирус, така што бројот на активни случаи во земјата денес е 14.031.

Ова е најголем број на новозаразени лица регистрирани за еден ден од почетокот на пандемијата.

Претходниот рекорд беше пријавен на 25 февруари и изнесуваше 2.421.

Меѓу нив, 985 лица се наоѓаат во болница, од кои 71 се на апарати за дишење додека 18 лица починаа.

Досега во земјата евидентирани се вкупно 43.775 лица заразени со Ковид-19, од кои 511 починаа, а вкупно 29.233 лица заздравија.

До денес се тестирани вкупно 475.994 лица, од кои 9.679 во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари