Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Од:

Во последното деноноќие во Албанија регистриран е нов негативен рекорд во однос на бројот на новозаразени со Ковид-19.

– Од направените 420 тестови, позитивен резултат е добиен кај 90 лица, што е највисока бројка во едно деноноќие досега. Меѓу новозаразените е и косовски граѓанин кој бил на одмор во Драч. Истовремено, излекувани се 43, а починаа две лица, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

Досега направени се 3.513 тестови, позитивен резултат е добиен кај 3.278, закрепнале 1.875, а починале 85 луѓе. Активни на болеста се 1.318, од нив повеќе од 80 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Тирана, од нив 11 се наоѓаат во серозна здравствена состојба.

Поради зголеменот тренд на лица кои треба болнички да се лекуваат, највено е отворање на уште една болница, додека по предлог на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а ќе се воведе и парична казна за оние кои не ја почитуваат мерката за носење маски.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија