„Лошите кредити“ во Грција се зголемија за една милијарда евра во првите два месеца од оваа година, пишува весникот „Етнос“.
Грчките банки се во паника за да го спречат новото цунами на „лошите кредити“. Тие се загрижени од значителниот пораст, бидејќи очекуваат во првото тромесечие на 2015 година банкарскиот систем да регистрира дополнителни една милијарда евра „лоши кредити“.
Пресметките покажуваат дека новите задолжувања кои доцнат и се наталожуваат секој месец изнесуваат околу 400 милиони евра.