Норвешка обезбедува уште 3,5 милиони евра за обнова на Србија

Од:

Норвешка ќе додели дополнителни 3,5 милиони евра од различни фондови за да обезбеди помош за обнова на Србија по поплавите, како и милион евра поддршка на граѓанското општество, локалните самоуправи и медиумите во Србија, Македонија и Црна Гора, соопшти амбасадата на Норвешка, јави Танјуг.

Амбасадата во Норвешка во Белград ќе одбележи утре почеток на 35 нови развојни проекти, поддржани преку фондот на амбасадата, кои ќе придонесат за промени, напредок, и развој во локалните заедници во Србија, Црна Гора и Македонија.

Норвешкиот амбасадор Нилс Рагнар Камсваг утре ќе најави доделување на дополнителни средства од 3,5 милиони евра кои ќе бидат достапни за набавување на неопходна медицинска опрема и за обнова на инфраструктурата во областите погодени од поплавите.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ