Нишани за откажаната посета на Иванов: Ние го почитуваме пријателот

Од:

Албанскиот претседател, Бујар Нишани во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија „Топ-чанел“, меѓу другото изјави дека претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов немал никаква причина да не допатува во Тирана на одбележувањето на 100 годишнината до незвисноста на Албанија.

– Во случајот Иванов, јас бев тој кој го покани. Неговиот аргумент беше дека не доаѓа поради индицентите со Груевски, кои беа изолирани и се за секаква осуда и кои не ги поддржува никој во Албанија, рече Нишани.

Коментираше и за откажаната посета на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, кој иако го потврди присуството на прославата го откажа по националистичките изјава на премиерот Сали Бериша дадени во Валона.

– Ваквите однесувања се нецивилизирани акти, посебно за нашата традиција на почитување на пријателот. Албанија и нејзиниот народ немаат територијални претензии кон соседните држави. Во целата наша историја, дури и во многу тешки моменти, Албанија и нејзиниот народ никогаш немале намера да присвојат територија од своите соседи. Ние моментно сме фактор на стабилност и сметам дека Македонија и Грција остануваат наши пријатели, изјави Нишани, додавајќи дека верува оти ќе има и други моменти во иднина за заедно прославување.

Причина за откажувањето на посетата на првиот грчки дипломат беше изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша за „национална независност на сите албански страни од грчкиот град Превеза до Прешево и од Скопје до Подгорица“.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски