Нинова за првата средба со „Има таков народ“: Имаме повеќе заеднички интереси, отколку разлики

Од:

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, по разговорите со партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, оцени дека тоа што денеска се случи е прв добар чекор кон разговори и дијалог за договор за воспоставување на идната бугарска Влада.

Меѓутоа, според дописникот на МИА од Софија, меѓу двете партии остануваат некои разлики. Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија утре ќе разговара за преговорите и, доколку добие мандат, разговорите ќе продолжат. Нинова коментира дека меѓу нив има повеќе заеднички работи отколку разлики.

Лидерката на БСП коментираше дека тие се против приватизацијата на Бугарската државна банка за развој и дека се против давањето концесија за автопатите во Бугарија и се за зголемување на пензиите. Таа појасни дека БСП сака ова да се случи сега, додека „Има таков народ“ сака тоа да го сторат следната година.

Лидерката на БСП коментираше и дека има три теми за кои треба да се разговара, вклучително и Република Северна Македонија и Истанбулската конвенција, но дека до нив не стигнал редот за размена на ставови.

Двете партии изразија блиски ставови во врска со реформите во судството, што бара промена на Уставот и време тоа да се направи. БСП, исто така, побарала нов закон за Комисијата за конфискација на нелегално стекнат имот.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија