Нинова: Доколку Радев не стави вето на договорот за бугарска воена помош за Украина, БСП ќе поднесе жалба до Уставниот суд

Од:

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова најави дека БСП, доколку претседателот Румен Радев не стави вето на договорот за оружје за Украина, ќе му сигнализира на Уставниот суд на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Нинова потсети дека Радев постојано даваше изјави дека тоа може да ја доведе Бугарија во војна, „а сега се чини дека неговата техничка влада, министерот за одбрана, го потпишал овој договор“.

„Доколку претседателот не стави вето, ќе започнеме организација за Уставен суд, бидејќи оваа одлука е противуставна“, рече Нинова на средбата со членовите на нејзината партија во Ќустендил.

Таа прецизира дека во потпишаниот договор стои дека бугарската влада може самостојно, на затворен состанок, да го промени списокот на оружје што е предвидено, како и условите на договорот.

Според Нинова, меѓународните договори не може да ги менува владата во Софија, тие треба да поминат низ ратификација во Народното собрание, според уставот. „Ова е тотално кршење на Уставот“, посочи Нинова.

Подобро е да се прекине навреме, бидејќи ако почне да се спроведува, а Уставниот суд донесе пресуда, по два-три месеци може да го прогласи за неуставен.

Нинова изрази надеж дека бугарскиот претседател Радев „ќе покаже разум“, но сепак рече дека се сомнева дека тој ќе реагира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина