Нинова: БСП сака да знае што ќе прави „Промената продолжува” во однос на С. Македонија

Од:

БСП е отворена за дијалог и барање решенија, но ќе почека да види што нуди новиот проект на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев, изјави за БНТ лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова.

Според дописникот на МИА од Софија, БСП на предвремените парламентарни избори на 14 ноември ќе учествува во истиот формат – како коалиција „БСП за Бугарија“.

Нинова смета дека проектот на двајцата поранешни привремени министри „Промената продолжува“ многу наликува на проектот на Слави Трифонов при неговото создавање, и затоа таа проектот на двајцата поранешни технички министри го дефинира како дежа ву и побара БСП да почека.

Таа од двајцата поранешни министри побара да одговорат на конкретни прашања – како што е прашањето ќе направат со Република Северна Македонија со национален суверенитет и дали ќе попуштат при нејзиниот прием во ЕУ, доколку не го исполнува договорот со Бугарија.

Нинова сака да види што двајцата мислат за родовата еднаквост и Истанбулската конвенција.

Таа изрази мислење дека новиот проект бил однапред познат и дека Петков и Василев го добиле благословот на претседателот Румен Радев. Меѓутоа, таа рече дека Националниот совет на БСП одамна одлучил да ги поддржи Румен Радев и Илијана Јотова на претседателските избори. Во моментов се изведува постапката според статутот на бугарските социјалисти и Изборниот законик. Општинските конференции со номинации на кандидатите треба да се одржат до 26 -ти септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит