Николиќ: Заслуживме датум

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ на европскиот комесар за проширување, Штефан Филе денес му го пренесе ставот на Белград дека Србија заслужува датум за почеток на преговорите со ЕУ.
-Го изнесов ставот дека Србија направи многу и дека е отворена уште да работи, но сметаме дека е време да ги почнеме преговорите со ЕУ, како држава која сака да биде член – изјави претседателот Николиќ.

Според неговите зборови Србија е отворена за континуиран дијалог со ЕУ и прави се, Европската комисија од националниот парламент на државите членки да им упати позитивни препораки.
Николиќ нагласи дека Филе го очекува како пријател и политичар кој многу и помогнал на Србија во досегашниот тек на евроинтеграцијата и дека освен за текот на реформските процеси, го информирал и за дијалогот со Приштина.

Комесарот Филе денес има потполна слика за се што се случува. Ќе ја посети и Приштина, па претставниците на инситуциите нека му пренесат што мислат за дијалогот, кој од наша страна започна сосема искрено и со желба во овој регион да има мир, безбеденост и просперитет –изјави Николиќ.

Тој истакна дека не постојат разлики во пораките кои што тој и Дачиќ ги упатуваат по повод дијалогот со Приштина и дека доколку договорот „застане“, тоа ќе и го соопштат на јавноста.
Претседателот на Србија објасни дека нивната држава не може да направи ниту повеќе, ниту помалку од она што стои во резолуцијата на Собранието на Србија, но за да дојде до тој договор, другата страна треба да попушти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ