Николиќ започнува преговори со СНС

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денеска ги почнува консултациите за формирање на новата влада на Србија. Тој изјави дека не сака да шпекулира кој ќе ја формира владата, но тоа мора да се случи што поскоро.

„По разговорите со СНС, ќе разговарам со ДС и СПС“, изјавил Николиќ, додавајќи дека не постои некој временски рок за разговорите но, очекува тие да бидат брзо завршени.

Демократската партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ и Социјалистите на Ивица Дачиќ уште по изборите најавија дека ќе формираат коалициска влада, но дефинитивен договор се уште нема, поради што Николиќ смета дека Напредната партија има право прва да се обиде да состави кабинет.

 

 

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: СНС освои мнозинство во Белград, неизвесен терминот за нова влада

Во Србија денеска повторно се гласа на 93 избирачки места

Брнабиќ е за нови избори во Белград, а не e ни против нови парламентарни избори

Вучиќ победник во првиот круг на претседателските избори во Србија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Првични резултати од изборите во Србија: Вучиќ убедливо води

Катерина Ѓуровски

Србија гласаше, се чекаат резултатите

Катерина Ѓуровски