Николиќ: За разлика од Македонија, црковното прашање не ги оптоварува односите со Црна Гора

Од:

Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска изјави оти спорот меѓу Српската православна црква и канонски непризнаената Црногорска црква, за разлика од примерот со Македонија, не ги оптоварува односите меѓу двете држави и порача дека тој, ако се случело тоа, сигурно ќе се вмешал во решавање на тој проблем.

– СПЦ има проблем со две цркви, со македонската и со црногорската православна црква и додека односите на црквите во Македонија влијаат на односите со таа земја со Србија, со Црна Гора таков проблем не постои, рече Николиќ по состанокот во Подгорица со црногорскиот колега Филип Вујановиќ.

Зборувајќи на таа тема Вујановиќ посочи дека Црна Гора е граѓанска држава, односно дека државата и црквата се одвоени и повтори дека црковното прашање ќе се решава во согласност со таквите определби и црногорскиот Устав.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати