Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денес попладне се сретна со потпретседателот на САД, Џозеф Бајден во Рим, на иницијатива на американската страна.
Тој во Белград изјави дека очекува добар разговор, но не и притисок по прашањето за Косово и Метохија.
Очекувам разговор. Сите кои ме познаваат, а оние кои се занимаваат со политика веројатно знаат дека го почитувам соговорникот и дека со мене нема разговор на непристоен начин. Секој притисок за кој зборувате, ќе го сметам за непристоен начин на разговор – изјави Николиќ.
Тој истакна дека состанокот со Бајден е договорен на иницијатива на САД, а дека поволни околности се тоа што, тој и американскиот потпретседател ќе бидат во Рим, по повод инагурацијата на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Елена Георгиевска