Николиќ: САД немаат вистински информации

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ по состанокот во Рим, со америкаснскиот потпретседател Џозеф Бајден, оцени дека Вашингтон нема вистински информации во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Николиќ истакна дека Бајден не бил доволно информиран за Резолуцијата која Србија ја донесе за Косово и за тоа што тие бараат во дијалогот со Приштина.

Тој наведе дека информациите кои што пристигнуваат во Вашингтон, не одговараат на состојбата помеѓу односите на Белград и Приштина и дека напредокот не е правилно оценет.

-Бајден, како претставник на американската администрација, не беше запознаен со деталите за тоа што бараше Парламентот на Србија и каква Резолуција донесоа – изјави Николиќ, по синоќешниот состанок.

Претседателот на Србија наведе дека разговорот бил корисен, бидејќи зборувале за теми кои кои што ги интересираат САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ