Николиќ: Нема да дозволиме да ни го избришат Косово

Од:

Нема да дозволиме да ни го избришат Косово, порача денеска српскиот претседател Томислав Николиќ од Ерусалим, додавајќи дека Србија сака да постигне договор со косовските Албанци бидејќи живеат на ист простор.

– Србија беше изложена на напади од различни вери. Последен непријател и беше комунизмот, но не можеше да ја уништи верата и српското историско сеќавање на Св. Сава, од кое кај нас започнаа многу нешта, истакна Николиќ, додавајќи дека „така не можат да ни го избришат ниту Косово“.

Николиќ на средбата со ерусалимскиот патријарх Теофил Трети потести на палењето на српските цркви на Косово.

Според него, Албанците на Косово не успеваат да ги уништат трагите на српското постоење, па „дури и да ги запалат сите храмови, темелите нема да можат“.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски