Николиќ ќе даде заклетва во четврток, инаугурацијата на 11 јуни

Од:

На денешната средба на Томислав Николиќ и Борис Тадиќ, идниот и досегашниот претседател на Србија разговарале за тоа како во иднина треба да функционираат институциите на државата.

„Зборувавме за тоа како да се избегне институционалниот вакуум, примопредавање на власта да пројде на најдобар можен начин и да се конституираат институциите на сите нивоа“, изјави Тадиќ.

Николиќ изјави дека граѓаните на Србија треба со оптимизам да гледаат на политичката стабилност на Србија и кажа дека мандатот за состав на владата ќе му го даде на оној што ќе обезбеди мнозинство.

Тој му се заблагодари на Тадиќ што е отворен за соработка и зашто како што рече е свестен дека нема повеќе време и владата треба што побрзо да биде формирана.

Новоизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ на состанокот со претседателката на Собранието Славица Ѓукиќ Дејановиќ се договори да положи заклетва на новата функција во четврток, а инаугурацијата да биде на 11. јуни.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов