Ние и Исланд имаме најмалку заразени во Европа, се фали албанскиот премиер Рама

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи се пофали дека според глобалното мерење, во последните две недели за намалување на бројот на заразени со Ковид-19, Албанија и Исланд, се двете земји со најмалку случаи на инфекции на Стариот континент.

Рама го сподели двонеделниот графички приказ објавен на престижната веб-страница Ourworldindata.org, во врска со случаите со Ковид-19 на милион жители каде може да се забележи драстично намалување на случаите на заразени во Албанија.

Од започнувањето на националната кампања за вакцинација против опасниот вирус „Албанија се насмевнува“ се аплицирани над 800.000 вакцини.

– Пристигна нова пратка од 11.700 вакцини од Фајзер со кои досега добиени се 911.000 дози. Вакцинацијата се спроведува според сите параметри на безбедност и квалитет од страна на обучени тимови низ целата земја. Нашата цел од милион вакцинирани во јуни е пред остварување. Албанија се насмевнува, напиша Рама.

Во меѓувреме, според податоците на Министерството за здравство во последното деноноќие во земјата нема починат ковид пациент а вирусот е дијагностициран кај 13 лица. Моментно активни на болеста се 209 лица од кои на болнички третман се 23 пациенти.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето