Несторовиќ: Белградскиот саем од утре почнува да работи како привремена болница

Од:

Пулмологот Бранимир Несторовиќ по завршувањето на седницата на Кризниот штаб, изјави дека утре од 14 часот ќе почне со работа објектот на Саемот, бидејќи доаѓаат авиони со српски државјани кои мора да бидат тестирани, а во таа привремена болница ќе одат и лицата позитивни на коронавирусот, додека оние што се негативни ќе одат дома со задолжителна самоизолација.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Несторовиќ за ТВ Прва додаде дека здравствениот систем во Србија добро се носи со епидемијата.

-Ќе се обидеме неколку полесни пациенти од болницата „Драгиша Мишовиќ“ на Дедиње да пренесеме на Саемот, како и да не ја оптоваруваме болницата во Земун, кажа Несторовиќ, кој додаде дека на седницата разговарано е и за прашањето за проширено тестирање бидејќи тоа е напор за здравствениот систем, а целта е да има 5.000 тестови на ден.

Директорот на Инфективната клиника во Белград, Горан Стевановиќ, на денешната редовна владина прес конференција изјави дека Белградскиот саем е предвидено да биде „една голема болница“ која би се користела доколку значително се зголеми бројот на заразени од коронавирус.

-Саемот е една голема болница, се надевам дека нема да ни треба, но мора да се подготвиме, кажа Стевановиќ.

Тој посочи дека Саемот, кој веќе има подготвено 3.000 кревети не бил наменет за колективно сместување, додавајќи дека тој не е наменет за сместување на деца заболени од Ковид 19.

Епидемиологот Бранислав Тодоровиќ рече дека и во Ниш се подготвува спортската сала „Чаир“ да биде привремена болница за пациенти со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Романскиот премиер и четворица министри парично казнети за неносење маски

Ана Ололовска

Од Ковид 19 во САД во следниот месец може да умрат уште 20.000 лица, смета Том Елиот поранешен директор на ЦДЦ

Ана Ололовска

СЗО: Зголемен бројот на заразени во Северна и Јужна Америка

Ана Ололовска

За четири дена 19 починати, 187 новозаразени и 1136 лица во изолација поради коронавирусот

Маја Илиевска-Пачемска

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Во Бугарија укинат карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Македонија

А1он