Неколку часа пред карантинот – забава во ноќен клуб во Солун

Од:

Без маски, без дистанца, млади Солунчани доцна синоќа се забавуваа во ноќен клуб или како што напишаа самите, споделувајќи видеа на социјалните мрежи, „последно излегување пред карантинот“.

И покрај тоа што во Грција веќе извесно време постои забрана за стоење во кафулињата и клубовите кои затвораат на полноќ, од објавените видеа се гледа дека оваа мерка воопшто не се почитува, а младите се забавуваат како да не постои коронавирусот, што е особено раширен токму во Солун.

Поради зголемениот број заразени со коронавирусот, Солун од утрово е во локален карантин.

Во текот на вчерашниот ден, мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, преку брзите тестови, спроведoa 3.402 бесплатни тестирања во центарот на Солун.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски