Негативен извештај на ЕК за косовското правосудство

Од:

Европската комисија објави извештај за состојбата во косовското правосудство кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, во кој, меѓу другото, се забележани низа недостатоци, особено во обвинителството и полицијата.

Како што пишува весникот „Коха“, специјалното обвинителство не сака да го коментира овој извештај. Овој документ се заснова на набљудувањата на четворица експерти на Европската комисија, кои престојуваа во Приштина минатиот ноември. Посебен акцент е ставен на квалитетот на подигнатите обвиненија, како обвинителите постапуваат со предмети, недостиг на докази во обвиненијата, сомневањата дали специјалните обвинители знаат да спроведат сложени истраги, немање специјализирани обвинители и недостатоци во истражните постапки.

Експертите на ЕК констатираа дека само еден од обвинителите со кои разговарале за одредени случаи покажал разбирање за постапката за заплена на нелегална сопственост.

Исто така е констатирано дека многу лица неоправдано се ослободени од својата одговорност поради лошата обвинителска работа.

Изборната набљудувачка мисија на ЕУ на Косово, пак, денеска во Приштина го претстави Конечниот извештај за предвремените парламентарни избори, што се одржаа на 6 октомври 2019 година, во кој се наведува дека е водена „жива и конкурентна кампања“, дека изборниот процес бил транспарентен, додека денот на изборите минал без поголеми проблеми. Притоа, дадени се 23 препораки за подобрување на идните изборни процеси.

Според извештајот на Изборната набљудувачка мисија, имало злоупотреба на јавните ресурси и недостиг на транспарентност во финансирањето на кампањата.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски