Неформален работен појадок во Брисел на МНР од ЕУ и од Северна Македонија и Албанија

Од:

Во организација на Грција, денеска во Брисел ќе се одржи неформален работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и на Северна Македонија и Албанија, што според грчкото МНР е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

На брифингот со новинарите во петокот, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас рече дека над 18 шефови на дипломатиите од ЕУ го потврдиле присуството, а неформалниот работен појадок ќе има за цел да се зајакне поддршката на европската перспектива на двете земји.

-Ќе биде корисна можност за плоден дијалог и сите присутни да разговараме и да ги изразиме позициите каде се наоѓаме. Присуството, веќе го потврдија над 18 министри за надворешни работи на Унијата, рече Гениматас во петокот.

Од нашето МНР соопштија дека работниот појадок, непосредно пред одржување на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе претставува можност министерот Никола Димитров да ги запознае колегите министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ со последните политички случувања во земјата, со фокус на клучните приоритети поврзани со владеењето на правото, како и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија.

-Воедно ќе го повтори барањето Советот што е можно поскоро да постигне согласност за новата преговарачка методологија и без понатамошно одлагање да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, соопштија од МНР.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција