„Не сум страшливец“ – му порача Слави на Бојко

Од:

Во видео коментар на Фејсбук, лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, кој го врати мандатот за формирање нова влада, го повтори ставот дека не бега од одговорноста, но и дека нема да прифати да биде на чело на влада без стабилно мнозинство во парламентот.

„Таква е одлуката на бугарскиот народ, така ги подели картите, така гласаше почитуваниот бугарски гласач, така се одвиваат работите“.

-ГЕРБ е прва, тие не успеаја да формираат влада. Не можеме да формираме стабилен кабинет бидејќи немаме потребен број пратеници и потребни ни се партнери за да се случи вакво нешто. Тоа е исто како на камиказа, кој не сака да изврши самоубиство, да му кажете ’ти си кукавица’. Во таква ситуација, не можеме да формираме кабинет, категоричен е Трифонов.

Според него, формирањето влада што ќе дејствува како малцинска ќе зависи од оние кои се дел од нешто против што тие се борат како партија.

-Тие не можат да владеат, народот не одлучи така. Ако формираме влада во моментов ќе бидеме зависни и управувани од партиите што ќе ја поддржат, рече Трифонов.

Лидерот на втората најголема партија во бугарскиот Парламент истакна дека тие не можат да бидат зависни, особено од „докажаните компромитирани политички субјекти, кои се алчни“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит