Не е постигнат договор за избор на делегати во Домот на народите во БиХ

Од:

Денешната средба на претставниците на опозициските партии од Република Српска и Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП БиХ) во Сараево заврши без договор за избор на делегати во Домот на народите на БиХ, а разговорите ќе продолжат в среда.

Претседателот на Партијата за демократски напредок, Бранислав Бореновиќ, изрази надеж дека по гласањето в среда, Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик нема да има четврти делегат во Клубот на Србите, што, според него ќе овозможи одблокирање на работата на институциите.

Денешниот состанок го иницираше СДП БиХ со цел да се обиде да постигне договор според кој СНСД нема да добие четири од петте делегатски места во Клубот на Србите.

Милан Миличевиќ, в.д претседателот на Српска демократска партија (СДС) посочи дека имале искрен разговор за изборот на делегати, но дека не е постигнат договор.

– Немаше условување. Денеска разговаравме како да се направи подобар живот во БиХ. Фокусот не е на моќта по секоја цена, туку како да се направи подобар живот во БиХ, како да се решат основните човечки проблеми. Има теми кои се замрзнати четири години, посочи Миличевиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски