Назначен нов шеф на Генералштабот на Албанската армија

Од:

Претседателот на Албанија и Врховен командат на вооружените сили Илир Мета, со указ, за нов Началник на Генералштабот на вооружените сили на го назначи генерал-мајор Бајрам Бегај.

Во образложението на претседателскиот указ, објавен на неговата официјална страница доцна попладнево, се наведува дека Бегај има долга и богата кариера.

„Претседателот на Републиката Илир Мета, за нов Началник на ГШ на вооружените сили на Албанија го назнани генерал мајор Бајрам Рушит Бегај. Тој до денес беше Командант на Командата за доктрина и обука а сега добива многу позначајна функција,стои во објавата.

Бегај е роден на 20 март 1967 година, во Рогожина. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Катедрата за општа медицина во 1989 година.

Посетувал многу обуки во земјата, во САД и во Грција, обавувал значајни функции во редовите на армијата а бил и директор на Воената болница во Тирана.

На трети овој месец Мета го унапареди во генерал мајор.

Бегај доаѓа на местото на бригадниот генерал Бардул Колчаку, кого на оваа функција Мета го назначи на крајот од август 2017 година.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

Орце Костов

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири