НАТО е подготвен да ја поддржи имплементацијата на договорот меѓу Белград и Приштина, напиша на социјалната мрежа Твитер генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.
– Договорот претставува чекор напред за регионалниот мир и стабилност и дава нов импулс за евроатланската интеграција на регионот, истакнува Расмусен.
Тој додаде дека „НАТО ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на Косово како и досега, и е подготвен да го поддржи идниот договор во рамките на сегашниот мандат на ОН“.
Генералниот секретар е задоволен од фактот дека НАТО придонел за постигнување на овој „историски“ договор.
Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел го парафираа двостраниот договор, со што ги завршија преговорите меѓу Белград и Приштина за нормализирање на меѓусебните односи.