НАТО ја предупреди Турција на последиците од инсталирањрто на С-400

Од:

НАТО денеска ја предупреди Турција на „потенцијалните последици” од купувањето на рускиот протививoздушен ракетен систем за одбрана С-400, откако во оваа земја пристигна првата пратка со дел од опремата, јави ДПА.

„На сојузниците е да одлучат каква опрема ќе купуваат, но ние сме загрижени за можните последици од одлуката на Турција да се стекне со системот С-400“, изјави официјален претставник на НАТО.

“Интероперабилноста на нашите вооружени сили е од суштинско значење за НАТО во спроведување на нашите операции и мисии”, додаде официјалниот претставник, притоа потенцирајќи дека Турција соработува со другите сојузници во развојот на системите за воздушна и ракетна одбрана од голем дострел, јави ДПА.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени