НАТО и ЕУ го осудија терористичкиот напад во Бугарија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром денеска остро го осудија вчерашниот терористички напад на аеродромот во Бургас, при кој загинаа најмалку осум лица загинаа, а 30-тина се повредени.

„Остро го осудувам овој срамен терористички напад во Бургас, кој одзеде животи на неколку луѓе. Го изразувам моето најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите во овој шокантен чин. Тероризмот во сите негови форми и манифестации, никогаш не може да се толерира или оправда“, истакна Расмусен.

Претседателот на Европарламентот, Шулц, терористичкиот чин го нарече „кукавички напад врз невини туристи“, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и посакувајќи им брзо закрепнување на повредените.

„Целосната истрага на бугарските и израелските власти е во тек со оглед дека во овој инцидент загинаа граѓани на двете држави. Последните информации потврдуваат дека ова навистина беше терористички напад. Оние кои го направија ова злодело мора да одговараат“, изјави првиот човек на Европарламентот.

Според еврокомесарот Малмстром, по ужасниот терористички напад против израелските граѓани во Бугарија Европската комисија веднаш им ги понудила своите услуги на Европол како помош во истрагата.

„Еврокомисијата ја потврдува својата силна посветеност да застане покрај земјите-членки на Европската унија во борбата против ваквите варварски дела и во изведувањето на сторителите пред лицето на правдата“, истакна еврокомесарот за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Бугарија нема да испраќа војници во Украина