НАТО: Го подржуваме продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Од:

НАТО и КФОР се целосно фокусирани на спроведувањето на мандатот на ООН за спроведување на безбедноста и овозможување безбедно опкружување и слобода на движење за сите заедници во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН од 1999 година.

Претседателката на Собранието на Косово и в.д. шеф на државата, Вјос Османи побара реакција од ЕУ и НАТО на споредбата на српскиот претседател Александар Вучиќ, на Косово со Нагорно-Карабах, што таа го оцени како закана за војна.

„Очекувам дека Европската унија и НАТО ќе одговорат на оваа закана за војна, што ја направи Вучиќ“, објави Османи на „Твитер“.

Од воената алијанса нагласија дека го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Ние, исто така, продолжуваме да го поддржуваме дијалогот со ЕУ меѓу Белград и Приштина како единствено можно политичко решение за стабилност на Косово, Западен Балкан и пошироко“, преку соопштение одговорија од НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски