НАТО донира 60 респиратори во Албанија

Од:

Албанското Министертво за одбрана прими донација од НАТО која се состои од 60 респиратори машини.

Во врска со донацијата, преку Фејсбук се огласи американската амбасада, која наведе дека САД покажува дека испораката на респираторните машини од американско производство ја потврдува посветеноста на САД кон глобалните предизвици.

-Сојузниците на НАТО се обединети во борбата против Ковид-19. Испораката во Албанија на 60 респиратори произведени во Америка, од резервите на Алијансата, ја покажува посветеноста на Соединетите држави за нашата трансатлантска врска и вистинското обединување на НАТО против глобалните предизвици, пишува во објавата на американската амбасада.

Донацијата била координирана од евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC). Деновиве донацијата ќе биде предадена на албанското Министерство за здравство по што ќе биде распределена по болниците.

Во Албанија се влошува состојбата со Ковид-19, каде овој месец во просек дневно се регистрираат по 230 новозаразени. Во последните 24 часа Ковид-19 е дијагностициран кај 301 лице, што е највисока бројка до сега.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек