Насилството врз животните во Грција станува кривично дело

Од:

Суровоста и малтретирањето на животните во Грција ќе бидат квалификувани како кривично дело со построги казни и можност за затвор според законскиот амандман подготвен од Министерството за земјоделство, објави весникот „Катимерини“.

Министерот за земјоделство Макис Воридис за ова разговарал со истакнатиот активист за права на животните Панајотис Милас, кој работи со локалните власти за формирање специјална единица во рамките на општинската полиција за борба против суровоста кон животните.

Амандманот ќе има за цел да им олесни на властите да ги гонат злоставувачите на животни, но исто така ќе воведе и многу построги казни.

Иницијативата доаѓа по два случаи на злоупотреба на животни, првиот на Крит, каде 55-годишен маж го обесил своето куче на дрво и го кастрирал со клешти пред турист кој поминувал и успеал да му го спаси животот на животното, а другиот во Никеја,  каде наставник прободел куче неколку пати во стомакот и градите, додека друг сосед го прободел со метална прачка.

Кучињата биле оперирани во двата инцидента и се наведувца дека се опоравуваат од повредите.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен