Насер Кељменди, балканскиот нарко бос е во Косово

Од:

Косовската полиција го уапси Елвис Кељменди, синот на балканскиот нарко бос Насер Кељменди. Меѓународната потерница по него ја распиша Кантоналниот суд во Сараево, заради обид за убиство.

После две години од распишувањето потерница по Елвис, конечно тој беше уапсен на Косово.

Дека е на Косово и неговиот татко потврдува снимката што ја објавија косовските медиуми.

„За понатамошниот тек на постапката ни требаат извештаи на полицијата и јавниот обвинител на БиХ, за да можеме да го држиме во притвор 40 дена – без тоа нема обвинение и после 48 часа ќе мора да го пуштиме“ – изјави Бајрам Реџепи, министер за Внатрешни работи на Косово.

Според босанските извори и комплетно да се запази постапката, екстрадицијата е неизвесна заради тоа што Насер и Елвис Кељменди имаат и косовско државјанство, што е пречка за испорачување на обвинетите.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина