Нарко бос си ја сошил устата во босански затвор

Од:

Милан Матковиќ, како и некои други лица кои по наредба на Обвинителството на Босна и Херцеговина беа уапсени за трговија со дрога, а кои моментално се во притвор во Државниот затвор во Војковиќ, штрајкуваат со глад. Синиша Перковиќ, управникот на затворот во Војковиќ, за Н1 потврди дека Матковиќ сам си ја сошил устата.

„Ова се случи утринава и тој сега е во итната медицинска помош за да си ја санира повредата. Тој се жали за одредени работи кои се однесуваат на Судот на Босна и Херцеговина, дека му е направена неправда. Не ни е јасно за што точно се работи, но знам дека нема никаква врска со нашето однесување кон нив во затвор“, изјави Перковиќ.

Тој додаде дека Матковиќ и останатите вчера штрајкувале со глад затоа што протестираат против кршењето на човековите права затоа што, наводно, сметаат дека немаат право на непристрасно судење и истрага за нивниот случај, а сето тоа поради медиумски притисок.

Милан Матковиќ беше уапсен во јули минатата година во Требиње, а е поврзан со меѓународен шверц на големи количества кокаин, подготовки за ликвидации, како и други кривични дела во Босна и Херцеговина, земјите од регионот, Европската унија и прекуокеанските земји. Во БиХ, според локалните медиуми, тој веќе е осуден за тројно убиство.

Обвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека против Матковиќ се водат неколку кривични постапки во различни земји. Во август, во рамките на истата акција, уапсен е полицаец осомничен за коруптивни активности и користење полициски капацитети за помагање на осомничени во извршување на кривични дела.

Обвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека петмината уапсени се поврзани со повеќе кривични дела кои се процесираат во рамките на случајот „Милан Матковиќ и други“, поради вмешаност во организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Разрешен директорот на затворот Идризово, ќе го наследи генерал мајор Зоран Јовановски

Орце Костов

Земјотрес ја погоди БиХ: Се почувствувал и во Сараево

Американците остро го осудија Додик

Ана Ололовска

Рекордна кражба во затвор: Од касата на КПУ „Зеница“ украдени 400.000 евра

Горан Наумовски

На Боки 13 мора да му се извади желудникот ако сака да преживее – затворот му ја влошил состојбата

А1он

Афера со купени дипломи во Босна и Херцеговина: „Се купувалe и на бензински пумпи“